Поврзете се со нас

Свет

Чеферин: Едвај чекам да ја гледам Супер лигата…

Објавено

на

Foto:uefa.com

Одлуката на Европскиот суд за правда во корист на Супер лигата одекна како вистинска „бомба“ во светската спортска јавност, а веднаш по претседавањето во Луксембург, агенцијата која е промотор на ова натперварување излезе со информација за тоа како ќе изгледа форматот.

Флорентино Перез, Жоан Лапорта и останатите членови на Супер лигата го прогласија денешниот ден како историски за фудбалот и посочија дека е прекинат монополот на УЕФА, но од друга страна, Европската Федерација и натаму смета дека таа е онаа која е на самиот врв на фудбалската пирамида на стариот континент.

Неколку часа по случувањата во Луксембург, со очекувано обраќање се јави и Александар Чеферин, првиот човек на УЕФА.

– Го гледав обраќањето на извршниот директор на Супер лигата (Бернд Рајхарт) и можам да кажам дека сака да ги доведе фановите во заблуда. Овој систем кој го нудат е уште позатворен од оној во 2021-ва година. Со овој систем кој го понудија, Лестер, Џирона, Аталанта не би можеле да се квалификуваат во нивните три лиги.

–  Не сум сигурен дека Реал Мадрид и Барселона знаат што прават, фудбалот не е на продажба. Никогаш не сме обиделе да спречиме некој проект, можат да праваат што сакаат и да бидам искрен, едвај чекам да ја гледам Супер лигата составена од само два клуба, Реал и Барселона, – иронично порачува Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни