Поврзете се со нас

Свет

Чеферин е оптимист: Ќе се врати стариот добар фудбал со навивачи

Објавено

на

Првиот човек на европската фудбалска федерација, Александер Чеферин е оптимист и верува дека во брзо време ќе се врати стариот добар фудбал со навивачи на трибините.

Европското првенство кое требаше да се одигра оваа година беше одложено за 2021 година, но со оглед на неизвесноста и можните нови бранови останува отворено прашањето дали и тогаш се ќе биде нормално.

Чеферин смета дека набрзо ќе почнат да се средуваат работите и ќе може спортот, фудбалот да се врати во нормала.

-Не знам зошто не би било, не верувам дека вирусот вечно ќе трае. Мислам дека ќе има промена многу порано отколку што многумина мислат. Ова е сериозна ситуација, ама се намалува и ние сме многу повнимателни.

-Сега многу повеќе знаеме за вирусот, јас сум оптимист. Не ми се допаѓа овој апокалиптички став дека треба да почекаме втор и трет бран, па дури и за петти бран…

-Ние сме подготвени и ќе ги следиме препораките на властите, но јас сум апсолутно сигурен дека лично стариот фудбал со навивачите ќе се врати многу наскоро, -порача претседателот на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни