Поврзете се со нас

Македонија

Чеде Јаневски официјално го презема Олимпијакос од Никозија

Објавено

на

Македонскиот фудбалски стручњак Чеде Јаневски денес е промовиран како нoв тренер на кипарскиот прволигаш Олимпијакос од Никозија.

Искусниот тренер кој кратко беше и македонски селектор, потпишал договор за до крајот на актуелната сезона, по што останува можноста за продолжување на соработката.

За Јаневски ова ќе биде трет кипарски клуб кого го водел во тренерската кариера, откако претходно беше тренер и на Паралимни и Етникос Ахнас.

Олимпијакос во моментов е на деветтото место во кипарското првенство, а зад себе има девет натпревари на кои само два бода и ги загуби последните пет дуели.

Јаневски ја почна самостојната тренерска кариера во Клуб Бриж со кого го освои белгискиот куп, во меѓувреме ја водеше и Црвена Звезда, неколку клубови во Белгија и Азија, а последниот ангажман му беше во Паралимни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни