Поврзете се со нас

Шпанија

Чави збесна по бледото издание против „фенерџијата“: Или ќе трчаме како животни, или……

Објавено

на

Foto:fcbarcelona.com

Барселона мака мачи да создаде течна игра во последно време и има потешкотии со ривалите на секој натпревар, па таков беше случајот и против најслабиот тим во Ла Лига.

„Фенерџијата“ Алмерија им создаде многу проблеми на каталонците и за малку и по трет пат ќе постигнеше израмнувачки гол за 3:3, но Ињаки Пења спречи такво сценарио и ја одбрани победата на Барса во самата завршница.

Големиот фаворит со многу мака победи 3:2, но повторно остави многу лоши импресии на теренот, нешто што дефинитивно го налути и разбесни тренерот Чави Ернандес кој досега постојано го бранеше тимот.

– Првото полувреме кое го одигравме е неприфатливо и им го кажав тоа на играчите во соблекувалната. Не беа прифатливи ниту пресингот, ниту прикажаната агресивност. Или ќе трчаме како животни, или нема да стигнеме нигде. Немаме тим каков што имавме во Барса во 2010-та година, минатата сезона бевме успешни бидејќи бевме агресивни и имавме дух на теренот. Или ќе го оставиме животот на терен, или нема да освоиме ништо со ваков пристап. Ако не ни оди со течна игра, треба да покажеме срце и душа како тим.

– Не недостасуваше душа, агресивност и концетрација, тоа се три клучни елементи во фудбалот. Минатата сезона освоивме две титули бидејќи игравме со срце и со душа, не можеме да се потпреме само на квалитет, овој тим не е како оној од 2010-та година. Минатата сезона имавме украдени 200 топки на противничката половина, а оваа сме далеку од тоа, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни