Поврзете се со нас

Шпанија

Чави застана зад изјавата на Лапорта: Јасно е дека ова е уште една „мадридска приказна“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се подготвува да ги продолжи настапите во домашното првенство, а викендов во клубот се одржа и годишно собрание на кое на членовите им се претседателот Жоан Лапорта.

Една од темите била и случајот „Негреира“, во кој Барса е обвинета за подмитување поранешен потпретседател на судиската комисија, а Лапорта потенцирал дека се работи за уште една измислена „Мадридизмо“ приказна во обид да му се наштети на неговиот клуб и истиот да се дискредитира.

Тренерот Чави кој долго беше и фудбалер на Барса, на прес-конференцијата застанал зад Лапорта и смета дека некој од Мадрид повторно сака да му наштети на најголемиот ривал.

– Внатре во тимот не зборуваме за вакви работи, тема е само фудбалот. Но, треба да ја погледнете архивата, Вилјарато, допинг… го поддржувам претседателот сто проценти.

– Отсекогаш имало обиди и кампањи да се дестабилизира Барселона, тоа е реалноста. Во мое време беше дека сме добивале предност од тогашниот претседател на федерацијата Вилјар, па дека имало допинг во времето на Пеп Гвардиола, тие приказни беа измислени од медиумите од Мадрид, – рекол Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни