Шпанија
Чави застана во одбрана на Гави: Кога е игра за Шпанија е прекрасен, а кога игра за Барса….

Чави Ернандес непрекинато испраќа пофалби за Гави и во преден план го става интензитетот и силата која ја презентира на средината на теренот, но денеска мораше да го брани талентираниот фудбалер кој во последно време е окарактеризиран и како доста груб и валкан играч.
Дел од јавноста и фудбалските фанови сметаат дека Гави знае да биде преостар и невнимателен во одредени стартови, но Чави е уверен дека овие приказни се создадени само да се изврши непотребен притисок врз младиот играч кој има само 18 години.
– Написите за неговата груба игра изгледаат навистина глупаво. Има судија кој одлучува за потезите на фудбалерите и нема потреба да се навлегуваа во оваа тема. Гави треба да остане мирен.
– Всушност, тој е жртвата во најголем дел од случаите. Него му правата многу прекршоци, а него му свират навистина малку. Кога игра за Шпанија сите велат дека е прекрасен, а кога игра за Барса, велат дека претерува.
– Тој е пример за храброст и интензитет, а кога е во Барселона, не добива таков третман. Уште помалку ако продолжиме да победуваме. Само барам од него да остане мирен, бидејќи станува збор за играч кој нема граници. Треба да продолжи да игра со истата страст и храброст, – вели Чави.
-
Англијапред 13 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 22 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Светски првенствапред 22 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
АТПпред 24 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Англијапред 17 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Челси нема повеќе да се расфрла со пари: Наредниот преоден рок ќе биде различен!