Шпанија
Чави за завршниот хаос по освоената титула: Им кажав на играчите дека најдобро ќе биде да се повлечеме…..

Чави Ернандес се покажа како тренерот кој ја враќа стартата слава на Барселона, бидејќи каталонскиот гигант се врати на победничкиот трон и ја освои титулата во Ла Лига по пауза од четири години.
Легендарниот капитен на Барса ја освојува првата титула во домашното првенство како тренер на омилениот клуб, па по големата победа над Еспањол со која беше заверен трофејот, Чави не заборави да потенцира дека овој успех е голем и носи со себе напорна работа која трае од минатата година.
– Чувството е неверојатно, завршивме голема работа. Ова започна уште во јули, напорно работевме 10 месеци, многу се жртвувавме и еве каде стигнавме. Го заслужуваат сите во клубот, навивачите и играчите. Оваа титула ни дава стабилност и сигурност за она што следи.
– Ја заверивме титулата со извонреден натпревар, бевме фантастични вечерва. Во првиот дел бевме брилијантни, но на крајот се опуштивме откако го решивме победникот. Овој трофеј му дава стабилност на проектот и тоа е многу добро за сите нас. Ја остваривме примарната цел и тоа е најважно. Ќе славиме со играчите, а потоа и со семејството, – изјави Чави, кој даде коментар и за инвазијата на навивачите на Еспањол, кои ја спречија прославата на теренот.
– Ги сфаќам играчите, прославата е нормална во вакви ситуации, но исто така сфаќам дека не сме во својот дом и не може да се покаже непочитување. Им реков на играчите дека најдобро ќе биде да се повлечеме во соблекувалните, – открива тренерот.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки