Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за тоа дали може да ја промени одлуката: Вистината е…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона утре ја очекува тежок натпревар против Атлетик Билбао, тим кој пред нешто повеќе од еден месец им нанесе болен пораз во Купот на Шпанија.

Ова секако е можност за реванш, добра претстава против залетаниот состав од Баскија што секако нема да биде лесна мисија особено ако се земе предвид дека средбата се игра на „Сан Мамес“.

Тренерот Чави Ернандес е свесен дека неговите момци ќе мора да дадат 100 проценти од себе, но во исто време тој даде коментар за шпекулациите кои се појавија во медиумите дека може да ја промени одлуката и да не си замине од актуелниот шпански првак по крајот на сезонава.

-Ништо не е сменето, нема приказна. Сè останува исто и се фокусираме на следниот натпревар. Вистина е дека сме подобри во последно време. Гледам дека тимот тренира одлично секој ден и групата играчи е помалку напната отколку во минатото. Ама утре е сосема нова приказна, овде во Барселона секој ден имате предизвик. Доаѓа моментот на вистината во оваа сезона и чувствуваме дека бевме добри во последните недели, -порача Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни