Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за тоа дали Мане и Обамејанг се добри за Барселона: Тие ќе те убијат на отворен простор…

Објавено

на

Шпанската фудбалска легенда и сегашен тренер на Ал Сад, Чави Ернандез исклучително ги цени африканските напаѓачи, Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг, меѓутоа смета дека не се тип на играчи од кои корист може да има неговиот поранешен тим Барселона.

-Мане и Обамејанг можат да те убијат на отворен простор. Ама на Барселона и се потребни играчи како да се движат на мал простор. Размислувам за играч кој би можел да се адаптира на Барселона и не е лесно да се најде таков. Самуел Ето беше идеален како што сега е Луис Суарез, -вели Чави кој би сакал повторно да го види Нејмар на „Камп Ноу“.

-Тој е меѓу тројцата или петте најдобри фудбалери на светот. Се надевам ќе се врати во Барселона. Многу ќе додаде. Позитивен карактер. Ќе биде фантастично засилување и играч кој може да направи разлика, -истакна Ернандез.

Барса подолго време го мерка, брка Нејмар, ама според информациите на медиумите прва цел во моментов е Лаутаро Мартинез од Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни