Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за талентираниот офанзивец на Барселона: Мора да научи некои работи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона мора да одработи една домашна обврска пред реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а тоа е гостувањето кај Кадиз кој се бори за опстанок во Примера.

Ова нема да биде лесна мисија за каталонците затоа што покрај повредените играчи како Балде и Гави, недостапни поради жолти картони се Кансело, Мартинез и Левандовски што значи се отвара простор за настап на други фудбалери. Еден од нив е талентираниот Витор Роке кој пристигна во Каталонија во зимскиот преоден рок, ама засега немаше премногу шанси за вистинско докажување.

Меѓутоа тренерот Чави Ернандес верува во него иако самиот признава дека Бразилецот се уште учи, адаптира и ќе мора да си ги заработи минутите со своето залагање како на тренинзите така и на натпреварите.

-Тој е играч кој ни дава многу иако не учествува. Против Кадиз ќе има минутажа затоа што ја заслужува и затоа што веруваме во него како фудбалер. Имаме големо влијание врз начинот на кој тој треба да ја разбере играта. Многу се фокусираме на тактичкото прашање. Тој е фудбалер кој добро влегува во празен простор и сигурен сум дека тоа ќе го искористиме.

-Има вродени квалитети кои се многу важни и кои излегуваат на виделина. Има многу квалитет, но има аспекти кои мора да ги научи и на тоа работиме. Сега му подготвивме видео во кое мора да се фокусира на одредени работи, -порача Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни