Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за споредбите на Јамал со Меси: Зборуваме за…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона издвојува тешка победа над Мајорка од 1-0 и тоа благодарение на мајсторијата на тинејџерот Ламин Јамал во 73 минута.

Талентираниот Јамал уште еднаш покажа дека е фудбалски бисер, па со еден маестрален потег го матираше Рајковиќ и донесе три важни бода за неговата екипа во Примера.

По овој гол на офанзивецот одново имаше многу коментари, пофалби за него, споредби со Лионел Меси, па дури и тренерот на Мајорка искусниот Хавиер Агире го стави во иста реченица до Аргентинецот.

Тренерот на Мајорка со легендарна изјава за новиот јунак на Барса: Овој глушец е бесрамен! (Видео)

Предводникот пак на каталонците, Чави Ернандес беше повнимателен и не сакаше да влегува во вакви дебати.

-Секој ќе загуби кога ќе се спореди со Меси. Зборуваме за најдобриот играч во историјата на овој спорт, тој не треба да се споредува со другите.

-Денеска не беше толку добар во еден на еден и не го имаше својот најдобар ден, но постигна одличен гол. Повторно направи разликата со гол што тој го измисли, -порача Чави кој сега ја спрема екипата за реваншот со Наполи во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни