Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за позицијата која е приоритет за Барселона: Ако сакаме да се натпреваруваме мора…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона денеска го игра својот последен домашен меч во Примера, меч кој воедно е последен на „Камп Ноу“ кој во наредниот период ќе претрпи измени, ќе добие нов изглед поради што каталонците ќе мора да користат нов стадион додека трае реновирањето, освежувањето на нивниот дом.

Шпанскиот великан има позитивна кампања во која триумфираше во Ла Лига, Супер Купот, односно истата треба да послужи како основа за уште подобри резултати како на домашна така и на меѓународна сцена. Екипата ќе претрпи измени по крајот на кампањата, најавени се неколку заминувања од кои најболно дефинитивно е она на Серхио Бускетс.

Бускетс во изминативе 10-15 години беше неприкосновен на таа позиција, незаменлив и тоа многу добро го знае тренерот Чави Ернандес кој уште еднаш испрати јасна порака до упраката, раководството да му донесат квалитетна, соодветна замена ако сакаат Барса да може да се натпреварува и биде конкуретна за пехари.

-Мораме да го најдеме тоа парче. Ако сакаме да се натпреваруваме добро следната година, мора да го најдеме тоа парче. Тоа е клучот да бидеме компетитивни наредната година. Да, Бускетс беше заменуван. Ги паметам Сампер, Ромеу, Туре мораше да си замине…Имавме среќа што Бускетс никогаш не се повредуваше. Мислам дека од 50 натпревари тој играше на 45 или 46. Сега ни е јасно дека дома немаме таква замена и мора да бараме на друго место, -рече Чави кој посочи дека е отворен за поразличен тип на играч од Серхио.

-Потребен ни е некој кој е покомпелетен, некој кој е најдобар последен играч за врска да го замени. Зависиме од финансискиот фер плеј. Мора да биде одлучувачки играч, некој кој добива дуели, физички цврст, тактички интелигентен и технички добар, -порача тренерот на шпанскиот шампион пред средбата со Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни