Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за победата на Реал: Цел свет виде што се случи, уште на стартот на сезоната реков……

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Реал Мадрид направи пресврт во второто полувреме на мечот со Алмерија и на крајот успеа да победи со 3:2, но трите ВАР одлуки кои беа донесени во корист на домашниот тим направија овој триумф да биде топ тема на Пиринеите.

Играчите на Алмерија имаа бурни изјави по крајот на мечот и посочија дека се ограбени од двоецот Ернандес (главниот судија Ернандес Маесо, како и одговорниот во ВАР собата, Ернандес Ернандес), но покрај незадоволството кај последнопласираниот тим на табелата, со жестоки реакции се јавија од Каталонија.

Чави Ернандес како тренер на Барса го коментираше резултатот во шпанската престолнина по мечот кој го имаше неговиот тим на „Бенито Вилјамарин“, заклучувајќи дека работата за него и играчите ќе биде уште потешка со одлуки како оние на „Бернабеу“.

– Видов што се случило и целосно стојам зад зборовите на тренерот на Алмерија, Гаритано. Ако кажеме што точно мислиме, ќе не казнат. Цел свет виде што се случи во Мадрид. Уште по мечот со Хетафе реков дека има работи кои не ми одговараат во ова првенство, уште на стартот на сезоната реков дека ќе биде многу тешко да ја освоиме оваа титула во Ла Лига.

– Има работи кои не можеме да ги контролираме и сега цел свет виде што се случи. Кога ќе се навратам и ќе помислам повеќе, се потсетувам на пеналот кој не ни беше досуден против Хетафе, голот на Феликс против Гранада, чистиот пенал кој беше направен врз Рафиња. Ќе имавме шест бода повеќе на табелата и се ќе беше поинаку. Ова не се оправдувања, ова се факти и чиста реалност. Имавме многу такви ситуации и секогаш нас ни беше покажуван крстот, – изјави Чави по триумфот од 2:4 над Бетис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни