Шпанија
Чави за најголемиот бразилски талент: Тој е играч кој ни е потребен…(ВИДЕО)

Чави Ернандес се обидува да состави нова победничка генерација во Барселона, тим кој ќе може да одговори на сите предвици, борби за сите трофеи.
За тоа секако се потребни квалитетни играчи, играчи кои се проверени, докажани, ама секако и фудбалери кои се таленти и кои ќе можат да се развиваат на „Камп Ноу“. Каталонците веќе имаат низа на млади играчи кои веќе се доста важни како Гави, Педри, тука се Фати, Араухо, сезонава блеска тинејџерот Балде што секако е знак дека тој дел функционира на одлично ниво.
Меѓутоа клубот е во потрага и по нови имиња, а еден од нив е Ендрик Фелипе кој важи за најголем бразилски талент. Тој има само 16 години, полека влегува во првиот тим на Палмеирас и импресионира, па затоа за неговиот потпис веќе се „тепаат“ екипи како ПСЖ, Челси, Реал Мадрид…
Барселона од финансиски аспект тешко дека ќе може во моментов да одговори во таа трка затоа што се споменуваат суми од 60 милиони евра, но шпанскиот вицешампион не се откажува и за тоа говори изјавата на Ернандес.
-Разговаравме со таткото на Ендрик, а исто така и со играчот. Им го објаснив проектот. Го сакаме, тој е врвен талент. Ендрик е играч кој ни треба. Се надевам дека ќе дојде во Барса. На него е да одлучи, -порача Чави за „ЕСПН“.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар