Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за ѕвездата на Атлетико која сакал да ја донесе во Барселона: Разговарав со него…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона и Атлетико Мадрид вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите во дерби натпреварот од 15. коло во шпанската Примера, средба која е од исклучително значење за двете екипи за самиот врв на табелата, борбата за титулата со оглед на тоа што Реал Мадрид и Џирона веќе успешно си ги завршија нивните задачи и сега имаат плус седум во однос на нивните најблиски ривали.

Каталонците се дури и во понезавидна ситуација од „душекџиите“ со оглед на тоа што имаат одиграно меч повеќе од вечерашниот ривал, а и играат дома каде едноставно мора да се добиваат ваквите дерби средби ако се сака да се задржи пехарот во Шпанија.

Тренерот Чави Ернандес е свесен дека задачата е тешка со оглед на тоа што Атлетико игра во одлична форма, има квалитетен напад од кој во минатото се обидел да „украде“ еден играч, Алваро Мората.

-Вистина е дека сакав да потпишам со него. Имаше таква можност. Разговарав со него и го посакував во тимот, но тоа не можеше да се случи. Тој е напаѓач кој навистина ми се допаѓа. Мората е одличен напаѓач. Тој е великодушен фудбалер, кој работи многу за тимот, многу работи. Се движи многу добро во просторите и многу им помага на своите тимови. Навистина ми се допаѓа. Со него и со Гризман, Атлетико има напаѓачка линија од светска класа, -порача Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни