Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за двете ужасни претстави на Барселона: Тер Штеген знае што зборува

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона одигра два лоши натпревари во низа и оствари половичен ефект, бидејќи најпрво навистина среќно го победи Реал Сосиедад, но потоа загуби од Шахтјор во Лигата на шампионите.

Два меча се доволни за да се отворат сомнежи за тим со големина каква што има Барселона и Чави Ернандес брзо доби низа критики за поставеноста на неговите играчи, па тренерот на каталонскиот гигант денеска мораше да одговора на прашања поврзани за криза во играта.

Барселона утре игра против Алавес и ќе влезе како апсолутен фаворит за три бода, а според многумина, ова е добра шанса да се врати самодовербата кај играчите кои не делуваа најсвежо по „Ел Класико“ поразот.

– Ова не е најлошиот момент за мене откако сум тренер на тимот. Најлошиот момент го имав минатата сезона, ова не е ниту блиску до тоа. Ова не е ниту блиску до кризен период. Минатата сезона имавме деликатен период, но и тоа не беше криза. Како играч бев дел од многу ужасни кризи и ова не е ниту блиску до тоа.

– Јас секогаш сум добивал удари цел живот и навикнат сум да ме критикуваат. Кога си навикнат на такво нешто, веќе критиките не влијаат негативно врз вас. Ова е Барселона и треба да се прифати критиката, мора да бидеме и самокритични. Одигравме два многу лоши меча и мора да бидеме искрени пред фановите. Не бевме на ниво, но веруваме дека брзо ќе го промениме тоа.

– Тер Штеген пред неколку дена истакна дека играчите мора да бидат многу подобри и се согласувам со него. Тој е еден од капитените и знае какви големи барања има овој клуб. Тоа што го загубивме на претходните неколку меча, го загубивме поради наши грешки. Марк е роден лидер и знае што зборува, бара реакција од тимот, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни