Поврзете се со нас

Шпанија

Чави во последен момент остана без важен играч за гостувањето кај Атлетико

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес има многу проблеми со повредени играчи од стартот на сезоната, а очигледно не се гледа крај на овие проблеми и кога неговиот тим плива во доста помирни води.

Пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите симна голем товар од грбот на Чави и денешното дерби против Атлетико Мадрид ќе биде последен меч пред репрезентативната пауза која следи, но за големата пресметка на „Метрополитано“ тренерот остсана без уште еден клучен фудбалер.

Покрај отсуствата на повредените Педри и Де Јонг, навреме не се рехабилитираше и Феран Торес, но во последен момент се повредил и Жоао Кансело.

Португалскиот репрезентативец играше на високо ниво во последно време и најчесто беше поставен како лев бек во отсуство на Балде, но после повредата на Жоао, Чави сега ќе мора да импровизира.

Опција ќе биде Маркос Алонсо кој за првпат е дел од тимот по пауза од четири месеци, но покрај искусниот лев бек, во игра за принудни бекови се и Серхи Роберто и Хектор Форт.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни