Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави верува во неговиот тим: Можеме да победиме во Минхен

Објавено

на

Барселона вчера претпре пораз од Бетис од 1-0 во Примера во меч во кој имаше доста проблеми да се наметне и да создаде вистински шанси за поволен резултат.

Овој пораз дефинитивно дојде во најлошо време и тоа пред завршниот тест во Лигата на шампионите, пресметката против Баерн Минхен во Германија.

„Баварците“ имаа обезбедено пласман и без никаков притисок можат да го одиграат овој натпревар, додека пак каталонците едноставно ќе мора да слават ако сакаат да обезбедат место во следната фаза затоа што Бенфика на домашен терен е аполутен фаворит против Динамо Киев и се освен три бода за домаќините ќе биде вистинска сензација во Лисабон.

Барса секогаш има многу проблеми кога игра со Баерн и дефинитивно ќе биде многу тешко да слави на „Алијанц Арена“, но во такво сценарио верува тренерот Чави Ернандес.

-Тимот е способен да оди во Минхен и да победи.Тоа е целта. Ние зависиме од себе. Одиме на еден од најтешките терени во светот, но одиме таму за да дадеме сè и да се натпреваруваме, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни