Поврзете се со нас

Шпанија

Чави тврди дека го добил најтешкиот удар откако е тренер на Барса: Останавме без срцето на тимот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес заработи уште еден тежок удар за време на репрезентативната пауза, или всушност најтешкиот и најболниот од стартот на новата натпреварувачка сезона, бидејќи како што вели самиот, остана без „срцето во тимот“.

Младиот Гави заработи тешка повреда на коленото и ќе биде во аут од девет до дванаесет месеци, па иако медиумите кренаа голема врева поради непотребното играње против Грузија, Чави негира дека е лут на селекторот Де ла Фуенте.

Тренерот на Барселона смета дека вината за ваквото сценарио треба да се бара кај прегустиот распоред, кој направи премногу млади играчи да се повредат во изминатите два-три месеци.

– Загубата на Гави е голем удар за нас, тој е незаменлив. Тој е срцето на тимот, желбата која ја покажува и храброста која ја демонстрира на секој меч е незаменлива. Мора да се обидеме да го замениме, но ќе биде тешко. .

– Имам добар однос со Де ла Фунте и зборував со него во текот на неделата. Тој ми се јави и не сметам дека има било каква вина за повредата. Тоа е последица на распоредот и календарот кој се форсира. Нема никаков проблем со Де ла Фуенте, едноставно ова е последица на несовесниот распоред кој ни го даваат, – изјави Чави, кој потврди дека за денешниот меч со Рајо нема да може да смета и на Тер Штеген.

– Марк не успеа да стигне навреме за овој меч и нема да биде дел од тимот. Шанса ќе доби Ињаки Пења, – кратко додаде тренерот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни