Лига Европа
Чави со прв коментар за Јунајтед и Кристијано по „пеколната ждрепка“ во Европа

Чави се пожали дека Барселона ја имаше најтешката група во Лигата на шампионите по раната елиминацина во елитното друштво, но среќата повторно не им се насмевна на каталонците при едно извлекување на ждрепка и денеска го добија Манчестер Јунајтед за прв ривал во Лига Европа.
Барса не можеше да добие потежок ривал од сите можни кои учествуваа попладнево во извлекувањето, а тоа го нагласи и самиот Чави кој сепак ќе бара од своите играчи да се натпреваруваат и да дадат максимум против тимот кој е во подем.
– Го добивме најтешкиот ривал, не можеше потешко од ова. Манчестер Јунајтед расте доста брзо во последно време, има големи играчи и ни се падна најлошото што можеше.
– Повторно немаме среќа. Го гледате најтешкиот можен ривал и го добивате токму него. Сега не преостанува ништо друго, ќе мора да се натпреваруваме, играчите ќе имаат дополнителна мотивација да се покажат против така реномиран противник.
– Ние никогаш го немаме освоено ова натпреварување и сакаме да го направиме тоа. Јунајтед има навистина добри играчи, неверојатни индивидуалци, но јас би ја истакнал групата. Ќе ги анализираме добро, нема да се фокусираме само на Роналдо. И тие имаат потреба да победуваат исто како и нас. Роналдо е навистина голем играч, одбележа една ера во светскиот фудбал и се уште прави разлика на теренот, – изјави Чави.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 24 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!