Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со порака до навивачите на Барселона: Тоа повеќе го нема, заборавете…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона има сезона во која останува без ниту еден освоен трофеј, сезона која е разочарувачки со оглед на претходната кога беше освоен домашниот шампионат, Супер Купот на Шпанија, па навивачите веруваа дека ова е почеток на една нова победничка ера.

Меѓутоа желбите, очекувањата се едно, реалноста друго со тоа што најголем проблем за Барса дефинитивно е финансискаат состојба која не е идеална и го спречува клубот да се развива во правецот кој го посакува. Чави Ернандес едноставно не може да ги добие засилувањата кои ги посакува, имиња кои сигурно би го кренале нивото, квалитетот на составот, па токму стартегот испрати порака до подржувачите.

-Навивачите морат да разберат дека ситуацијата е многу комплицирана за да се натпреваруваме економски. Нема врска со она што го имавме пред 25 години кога тренерот доаѓаше и велеше „Јас го сакам овој, овој и овој“. Веќе не функционира така.

-Го разбирам тоа и така ќе се прилагодиме на тоа. Тоа не значи дека нема да се натпреваруваме. Ни треба стабилност и време. Има добри работи за кои може да се натпреварува. Ситуацијата во која се наоѓаме е ситуација во која се наоѓаме резултатски. Минатата година бевме солвентни без да играме фудбал што би сакале да го играме, а оваа година игравме подобро, но со полоши резултати.

-Ја живееме ситуацијата која клубот ја има на економско ниво да се натпреварува. Треба подобро да се натпреваруваме. Сезоната ни избега поради детали, -порача Чави пред мечот со фенерџијата Алмерија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни