Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со низа искрени совети до Флик: Нека се подготви за страдање!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес победи на последниот натпревар како тренер на Барселона и ја заврши својата етапа со триумф и три бода, но горчината во устата се уште е многу свежа после сето она што го доживеа во изминатите неколку дена.

Откако беше наговорен од клубот да се премисли и да остане уште една сезона како тренер на тимот, Чави беше искрен и отворено посочи дека Барселона во овој момент не може да се носи со финасиски многу помоќните ривали од Европа, а на крајот тоа му донесе и отказ од човекот кој плачеше за неговото останување пред само еден месец.

Жоан Лапорта му врачи отказ на Чави пред неколку дена и наследник на Шпанецот ќе биде Ханси Флик, а сега на заминување од клубот, Ернандес испрати неколку искрени совети до својот наследник.

– Мислам дека не се ценеше доволно мојата работа, како никој да не сфати во колку тежок момент го преземавме тимот. Кога пристигнавме ние, тимот беше осми, а на крајот завршивме втори во првата сезона. Минатата година освоивме две титули, од кои една во Ла Лига. Оваа сезона не ни одеше на клучните натпревари и поради тоа сум малку тажен.

– Совет за мојот наследник? Веќе кажав што имам да кажам. Треба да знае дека ситуација е тешка, економската ситуација на клубот е комплицирана. Новиот тренер нема да има лесна работа. Би му кажал дека ќе има моменти кога ќе страда, треба да се подготви за страдање. Исто така, му препорачувам да има трпение, бидејќи да се биде тренер на Барса е многу тешка работа.

– Не знам дали тоа што доаѓа од странство е добро за тимот, најважно ќе биде да победува. Јас бев гледан под лупа, се створија нереални очекувања и мислам дека не ми одеше во прилог тоа што како играч бев дел од една од најдобрите Барселони во историјата, – заврши Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни