Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со искрена оценка за сезоната на Барселона: Не беше добро, мораме да се подобриме во три аспекти

Објавено

на

Барселона утре ќе ја заврши оваа сезона и тоа со пресметката со Вилјареал на домашен терен, дуел кој за каталонците нема значање со оглед на тоа што веќе го обезбедија второто место зад новиот шампион Реал Мадрид.

Оваа сезона каталонците ја заврија без трофеј, но ако е нешто позитивно ќе играат во ЛШ и во наредната сезона, но тренерот Чави Ернандес е свесен и знае дека тоа е премалку за клуб кој е меѓу најголемите на светот.

-Оценката ќе ви ја оставам на вас. Спасивме ситуација која можеше да биде многу полоша. Отидовме од помалку на повеќе, но тоа не беше доволно, не беше добра сезона. Не знаевме како да се натпреваруваме во клучните моменти.

-Нема да излезам на крај и дадам оценка бидејќи ќе бидам критикуван што и да кажам. Се подобривме во однос на играта, пред се во вториот дел од сезоната,-рече Чави кој знае каде треба да се подобри екипата.

-Во тактичка, физичка и психичка смисла. Мораме да се подобри во тие три сегменти. Физички многу се подобривме од ноември. Мораме да го засилиме и тимот за да имаме по двајца играчи на секоја позиција и да можеме да се бориме за титули, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни