Поврзете се со нас

Свет

Чави со фудбалски мастерклас ја објасни својата филозофија: Формацијата не е најважна, опседнат сум со…. (Видео)

Објавено

на

Чави Ернандез пред неколку дена откри дека е отворен за сите опции и не ја затвора вратата за можно преземање на Барселона доколку пристигне понуда на негова маса од актуелниот претседател Жоан Лапорта, но во изминатите неколку часa, легендарниот капитен на каталонскиот гигант стана актуелен со тактичкиот мастерклас кој го имаше за „гласот на тренерите“.

Актуелниот тренер на Ал Сад ја објаси цела своја тренерска филозофија во видео кое трае скоро 15 минути, а во кое детално дава образложение за тактичките замисли кои ги има во својата глава и кои бара да бидат исполнети од неговите играчи во Ал Сад.

Еден од најдобрите играчи за врска во историјата потенцира дека негов приоритет е тимот да ја има топката во своите нозе, но не само да ја држи, туку и да прави опасност на противничката половина.

– Најпрво ќе зборувам за стилот на игра, пред да ги истакнам различните ситеми на игра. На крајот на краиштата, за мене не е најважна формацијата, туку пристапот кој ќе го имаме на мечот.

– За мене е јасно, мојот тим мора да ја контролира топката, страдам која ја немам топката кај мене. Ми се случуваше тоа кога бев играч, а сега уште повеќе како тренер. Затоа правам се што е можно да се контролира мечот преку контрола на топката. Без оглед на системот на игра, најважна е филозофијата. Тоталната контрола на топката ми значи многу, опседнат сум со тоа, но не само да ја имаме колку да се рече, туку да се нападне и да се креираат шанси и да му се наштети на противникот, – потенцира Чави.

Целосниот тактички мастерклас во кој Чави зборува за различните пристапи и за играњето под притисок со висок пресинг и пресинг без топката, погледнете го во продолжение…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни