Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со директна порака до управата: Тој мора да остане во Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона имаше успешен настап против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, но тоа е веќе во минатото и веќе пред шпанскиот првак е нов предизвик во домашниот шампионат, соочување со Кадиз.

Тоа е средба закажана за утре од 21 часот, а во пресрет на истата тренерот Чави Ернандес испрати неколку пораки меѓу кои и за иднината на Роналд Араухо.

Уругваецот веќе некое време е најдобар дефанзивец на екипата, човек кој игра фантастично како стопер и десен бек, а тие негови изданија дефинитивно треба соодветно да бидат наградени. Засега Барса не успева да најде заеднички јазик за продолжување на актуелниот договор кој завршува во 2026 година, па Чави смета дека управата мора да се потруди околу ова прашање и да не направи голема грешка со дефанзивецот кој е интересен за Баерн Минхен, но и неколку тимови од Премиер лигата.

-Роналд, веќе реков дека тој е многу важен фудбалер за сегашноста и иднината на Барселона. Не го гледам никаде на друго место и мора да остане, 100 проценти, -рече Ернандес кој имаше што да каже и за Жил Кунде кој исто е значаен за составот од Примера.

-Многу сум поради Жил. Тој беше мое лично засилување. Тој е еден од најдобрите дефанзивци во моментов. Има многу квалитети, тој е лидер, ја чита играта, има многу квалитет. Запирањето на Мбапе беше повеќе од колективен напор. Кунде има многу со тоа, но Роналд, Серхи Роберто многу се движеше, Јамал со тоа што го покриваше… си дававме поддршка.

-Кунде мора да биде дефанзивец на Барса. Не е важно каде и со колкумина играме. Тој е дефанзивец и тука е да му помогне на тимот како и сите други. Тоа стана јасно, -заклучи тренерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни