Поврзете се со нас

Шпанија

Чави си заминува како голем џентлмен: Останува на сила тоа што го кажав пред еден месец

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанските медиуми вчера почнаа да шпекулираат дека отказот за Чави Ернандес ќе ја чини Барселона 15 милиони евра, од една страна поради договорот кој треба да му биде доисплатен, а од друга и поради фактот дека тренерот ќе треба да се обесштети поради предвремено прекинување на договорот.

Жоан Лапорта се предомисли во изминатите 30 дена и лично му го соопшти отказот на Чави, кој иако не е баш најзадоволен од третманот и начинот на кој си заминува од клубот, на крајот останува голем џентлмен.

Чави на последниот прес кој го одржа сам призна дека посакувал да си замине на поинаков начин, но тоа не значи дека ќе бара било какво обесштетување од клубот.

Ернандес останува на мислењето кое го имаше уште пред еден месец, односно потврди дека нема да ги бара парите од неговата последна година во договорот и ќе си оди без да добие ниту едно евро.

– Не навлегувајте во таа тема, нема никаков проблем од моја страна. Останува на сила тоа што го кажав пред еден месец. Вие сте новинари и добро знаете што кажав пред еден месец. Нема да го повторам тоа за да не правите дополнителна драма, – изјави Чави денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни