Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Си поставив две цели за новата сезона

Објавено

на

Чави Ернандес ќе има многу поголема одговорност и желба за подобри резултати во новата сезона, бидејќи за разлика од лани, сега доби конкурентен тим од страна на Жоан Лапорта кој во овој летен преоден рок му донесе дури пет големи ѕвезди.

Андреас Кристенсен и Франк Кеси дојдоа како слободни агенти и тоа беше само почетокот, по што следеа ангажмани на Рафиња, Кунде и Левандовски, трансфери кои го чинеа клубот над 150 милиони евра.

На сето ова, Барса успеа да го задржи и Усман Дембеле со кого се преговараше за нов договор речиси една година, па со него и со сите нови аквизиции, Чави си постави две цели пред стартот на новата сезона.

– Тимот е навистина многу добар, имаме навистина добро претчувство од тоа што го гледаме на тренинзите и на натпреварите на турнејата.

– Сите тренираат со потребниот интензитет и со добар ритам. Има голема страст во клубот, го видовме тоа и вчера со промоцијата на Левандовски. И ние во стручниот штаб имаме голема страст, целта оваа година е да освоиме титули и да играме добар фудбал. Тоа се двете цели, сакаме да ги задоволиме навивачите, тие го заслужуваат тоа, – порачува Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни