Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Се надевам дека ќе ви недостасувам како играчот кој го масакриравте изминатите четири години!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес се наоѓа под уште поголем притисок откако Барселона остана без шанса да се бори и за титулата во Копа дел Реј, но тренерот денеска го спореди својот случај со оној на Серхио Бускетс кој си замина на крајот на минатата сезона.

Легендарниот Ернандес се почесто добива критики од медиумите и експертите за начинот на кој ја води Барселона, па поради тоа не ја исклучува шансата да се повтори сценариото кое често знае да биде одлика за шпанските фудбалски фанови.

– Постојано ме доведувате во прашање, зборувате за мојата иднина од месец август и еве сме до средина на сезоната. Тоа прашање не е за мене, сите во клубот ми велат дека се задоволни од мене. Претседателот Лапорта не може да биде попозитивен, со Деко зборуваме за работи кои би се случиле следната сезона.

– Тука сме за да победуваме и знам дека на крајот ќе се гледаат резултатите. Не можам да кажам дали сте неправедни со мене, но мислам дека многупати сме виделе вакви работи во Барселона.

– Во овој клуб, секогаш почнуваат да се ценат луѓето кога се пред заминување, или кога ќе си заминат. Порано се плукаа, а сега им се дава значење на Валверде, Куман и на Бускетс. Сега на сите им недостасува Бускетс, а четири години претходно го масакриравте….. Истото беше и со Алба. Се надевам дека и јас ќе ви недостасувам кога нема да бидам тука. Јас сум во најдобриот клуб во светот, живеам за секој ден тука и го ценам тоа. Живеам од ден за ден, не за моментите кога нема да бидам тука, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни