Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Роке не требаше ни да биде во тимот оваа сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке е најавен како голем талент и сериозно засилување за Барселона на долгорочен план, но откако дојде во Шпанија добива минимална минутажа од тренерот Чави Ернандес.

Ситуацијата со Роке ја искомплицира и неговиот агент кој се закани дека ќе бара комплетен трансфер, ако Барса планира да го испрати неговиот клиент на заем во друг клуб, а Чави уште еднаш морал да зборува пред новинарите на оваа тема.

Тренерот на Барса веќе е изиритиран од дебатата и вели дека Роке дошол порано од предвиденото.

– Првичниот план беше Витор Роке да дојде во летниот преоден рок, за да може да учи од другите фудбалери. Потоа одлучивме дека и за него и за клубот е подобро да дојде порано кога веќе Гави и Балде беа повредени, за да може да тренира и да се адаптира на новите соиграчи.

– Затоа и не ја разбирам оваа дебата. Тој се уште учи, има фудбалери кои се во подобра состојба од него, па затоа игра и помалку, – рекол Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни