Поврзете се со нас

Свет

Чави решил да се раздели со катарски Ал-Сад

Објавено

на

Чави Ернандес донел одлука и нема да го продолжува договорот со Ал-Сад, што значи дека ќе биде без ангажман по крајот на актуелната сезона.

Поранешниот капитен на Барселона најпрвин беше фудбалер, а потоа и тренер на катарскиот клуб, а постојано е поврзуван со тренерското место во редовите на каталонскиот состав.

Откако новиот претседател Жоан Лапорта веќе му потврдил на Роналд Куман дека ќе биде тренер и наредната сезона, медиумите шпекулираат дека Чави може да добие и директорска функција и да рабти заедно со Холанѓанецот.

Чави собра 767 настапи за Барселона во периодот меѓу 1998 и 2015 година, а фановите веројатно посакуваат легендарниот играч за врска да се врати во матичниот клуб.

Тој еднаш ја одби Барселона за тренерската позиција, во моментите кога Каталонците го отпуштија Ернесто Валверде. Чави е во Ал Сад од 2015 година, а четири години подоцна стана тренер на катарскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни