Поврзете се со нас

Шпанија

Чави разочаран од играта, но и од двете непријатни повреди на двајца круцијални играчи: Тажен ден за нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона замина на гостувањето кај Атлетик Билбао со цел да ја намали предноста на Реал Мадрид и да се доближи на шест бода, но желбите беа едно, а реалноста сосема друго на „Сан Мамес“.

Каталонскиот гигант одигра еден потпросечен натпревар и не заслужи ништо повеќе од почетните 0:0, а разочарувачкиот епилог не беше единствена лоша вест за Чави Ернандес.

Френки Де Јонг и Педри заработија незгодни повреди во првото полувреме и се чини дека ќе отсуствуваат некое време, па се поизвесно е дека нема шанси да играат на реванш осминафиналето против Наполи во Лигата на шампионите.

– Не одигравме добар меч во целост, не напаѓавме добро, а требаше да направиме чекор напред. Си одиме многу тажни, требаше да ја дадеме најдобрата верзија од себе и овој натпревар бараше многу повеќе залагање од наша страна. Имам забелешки после вакво издание, тажен сум за пропуштената шанса, тимот можеше многу повеќе.

– Пропуштивме шанса во секоја гледна точка. Лоша игра, лоши сензации и не успеавме да ја намалиме разликата. Можевме да избиеме на второ место и да дојдеме на шест бода од Реал Мадрид. Овојпат има за што да жалиме и за што да бидеме незадоволни.

– Повредите на Де Јонг и Педри се само уште една голема несреќа за нас, тие се многу важни играчи за нас. Ќе знаеме повеќе наредните два дена, но не изгледа и не мириса добро. Сметам дека нема да можат да играат на повеќе натпревари, ова е тажен ден за нас, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни