Поврзете се со нас

Шпанија

Чави пристигна во Барселона во моменти кога на големо се пишува за заминување на Куман (Видео)

Објавено

на

Иднината на Роналд Куман во Барселона е се понеизвесна и пристигнуваат информација дека има 1 процент шанса да остане шеф на стручниот штаб наредната сезона, особено откако против него одат и бројките во завршницата од сезоанта во домашното првенство.

Во моменти кога Барса беше во игра за титулата и се чинеше дека е во најдобра форма, тимот предводен од Холанѓанецот освои само пет бода во последните пет кола, што направи каталонскиот гигант да влезе без никакви шанси за трофејот во последниот и одлучувачки викенд.

По разочарувачкиот финиш на сезоната, угледното каталонско радио „RAC1“ ова утро излезе со ексклузива дека Куман 99 проценти ќе добие отказ од Жоан Лапорта по крајот на сезоната, а на денот кога на големо се пишува дека деновите на Куман се избројани, на аеродромот во Барселона пристигна Чави Ернандез.

Чави стави потпис на нов договор со Ал Сад со напомена дека истиот може да биде прекинат доколку добие повик кој не се одбива, па како прва опција кај раководството на Барселона, легендарниот капитен мораше експресно да одговара за шпекулациите кои се поврзани за заминувањето на Куман.

– Самошто пристигнав тука, вистината е дека не знам ништо. Дојдов во Барселона на одмор, дојдов да се одморам, не знам ништо за тоа што го велите, – им порачал Чави на присутните новинари на аеродромот.

Веста за пристигнувањето на Чави во Барселона брзо стана топ тема во Шпанија, од каде пристигнуваат најави дека претседателот Жоан Лапорта брзо ќе стапи во контакт со Ернандез и ќе ја разгледаат опцијата за можно преземање на тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни