Поврзете се со нас

Лига Европа

Чави пред реваншот на „Олд Трафорд“: Сакаме да покажеме…

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBarcelona

Манчестер Јунајтед и Барселона утре го играат реваншот во Лига Европа, поточно ќе го дознаеме победникот од оваа битка на двата великани кои одиграа спектакуларни 90 минути на „Камп Ноу“.

Ако двете екипи го повторат тоа издание тоа ќе биде вистински празник за сите фудбалски фанови, но сега влогот е поголем и секое мало невнимание, грешка може скапо да чини. Гостите веќе го испробаа теренот каде утревечер ќе се игра мечот за кој тренерот Чави Ернандес посочи која ќе биде главната цел на неговите избраници.

-Јунајтед во моментот е еден од најдобрите тимови на Европа. Ова е најдобриот тим на Манчестер Јунајтед во последните години и тоа го покажуваат неодамнешните резултати. Тие внесоа многу карактер и интензитет во играта, страст, ритам, она што го покажаа во првиот натпревар. И ние ќе мора да го сториме истото, да покажеме карактер и да веруваме во нашиот начин на игра. Тоа е совршено сценарио во кое можеме да покажеме дека Барса може да се натпреварува и со еден од најдобрите европски тимови, -рече Чави и додаде:

-Сè уште не можеме да кажеме дека Барса се вратила. Ќе видиме утре, дали сме промениле или не. Сè уште сме во Лигата на Европа и го добивме најтешкиот противник во плеј-офот. Но тука сме, нè чека голем испит, порача Шпанецот.

Мечот се игра во вечерниот термин од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни