Поврзете се со нас

Шпанија

Чави пред двете големи дерби пресметки: Следи најубавиот дел од сезоната

Објавено

на

Барселона победи на гостувањето во Кадис и ја продолжи извонредната серија на резултати во последно време, за што говорат и бројките кои велат дека тимот на Чави не знае за пораз цели три месеци.

Барса се разигра од моментот кога Ернандес најави дека ќе си замине по крајот од сезоната, бидејќи со тоа се намали притисокот и играчите почнаа да играат без премногу да мислат за последиците кои би настанале од евентуален неуспех.

Каталонскиот великан имаше добра подготовка за второто дерби со ПСЖ и влезе во најдобра форма во клучниот дел од сезоната, а Чави се радува на тоа и вели дека со нетрпение ги чека двете пресметки кои следат нареднава седмица.

– Сега сме многу посолидни и имаме многу поголеми амбиции од пред неколку месеци. Сега сме во најдобра фаза од сезоната и пред нас доаѓа најубавиот период. Во вторник не чека вистинска војна против ПСЖ, а потоа следи „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

– Три месеци не знаеме за пораз, станавме многу подобри како тим и навистина сум радосен на тоа. Дојдовме во ситуација да бидеме во најдобар дел од сезоната, покрај тоа што не знаеме за пораз, се чувствуваме комотно и самоуверено на теренот. Ќе ја оставиме душата на терен против ПСЖ, а потоа ќе се обидеме да ја намалиме негатива на дербито со Реал, – изјави Чави.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни