Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави пред дуелот со Наполи: Воспитан сум дека ремито никогаш не е добар резултат за Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона утре му гостува на Наполи во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите, а тренерот Чави Ернандес денеска зборувал за натпреварот на официјалната прес-конференција.

Ова европско натпреварување се уште носи надеж за освојување трофеј кај Каталонците сезонава, а Чави најави дека планира офанзивен пристап и на незгодното гостување.

– Мотивирани сме и посакуваме пласман во следната рунда, бидејќи на европска сцена можеме да покажеме колку добро работиме и се подготвуваме.

– Наполи го промени тренерот непосредно пред средбата и не знаеме како ќе играат, но во секоја варијанта тие се квалитетен состав со играчи како Кварацхелија и Осимен.

– Знаеме дека реваншот е во Барселона, но тоа нема да ја промени нашата ДНК. Ќе одиме на победа, јас сум воспитан дека ремито никогаш не е добар резултат за Барса, – изјавил Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни