Поврзете се со нас

Шпанија

Чави потврди дека тужи двајца новинари: Нема да толерирам лаги!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес веќе најави дека ќе замине од Барселона по крајот на сезоната, а тоа за него ќе значи крај и на големите притисоци од дел од новинарите и медиумите, кои тој често ги карактеризира како непристојни и некоректни.

Тоа го потврдува и фактот што решил да поднесе тужба за клевета против двајца шпански новинари, од кои едниот објавил текст во кој тврдел дека Чави ги натерал членовите на стручниот штаб да ги остават мобилните телефони на маса, за тој да утврди дали некој од нив издавал информации од соблекувалната.

– Разбирам што значи да се добиваат критики, но постои одредена граница која не треба да се помине.

– Нема да толерирам лаги или измислени и лажни вести. Време е да се каже доста, веќе има доволно измислени лаги, па решив дека треба да преземам нешто, – рекол Чави.

Барселона утре го продолжува настапот во Ла Лига со натпревар против Лас Палмас на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни