Шпанија
Чави посочи нов приоритет на трансфер пазарот откако стана јасно дека Меси не се враќа во Барса

Чави Ернандес беше голем оптимист и најавуваше враќање на Лионел Меси во Барселона, но откако стана јасно дека тоа нема да се случи, плановите драстично се менуваат.
Тренерот на Барса веќе го замислуваше својот тим со Меси како лидер и сите планови се засноваа на таа варијанта, а сега истите ќе добијат нов тек и трансфер политиката оди во друг правец.
Во ексклузивното интервју со Хорхе Валдано, Чави сега потенцира дека клучно ќе биде да се донесат двајца играчи, односно да се пополнат позиции како дефанзивен играч за врска и организатор на играта.
– Сметам дека се уште ни недостасува нешто во средниот ред, особено по заминувањето на Серхио. Тоа што остануваме без Бускетс е голем проблем за мене. Френки направи исчекор оваа сезона, но потребен ми е и креативен играч за врска. Потребни ни се играчи со високо стандарди. Прва цел ни е дефанзивен играч за врска и замена за Пике, а потоа ќе тргнеме по организатор на играта. За останатото ќе видиме до каде ќе стигнеме со финансиската ситуација, – вели Чави, кој потенцира дека Барса мора да почне да атакува и на трофејот во Лигата на шампиони.
– Барселона не е создадена да се натпреварува во Лигата на Европа, ние сме создадени за Лигата на шампиони. Ако се засилиме добро ова лето, ќе се бориме за тој трофеј. Лигата на Европа не буди страст кај навивачите, ниту кај играчите. На играчите веќе им порачав дека веќе не смееме да го играме тоа натпреварување. Мора да направиме исчекор и да бидеме конкурентни во Лигата на шампиони, – потенцира Чави.
-
Шпанијапред 16 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 20 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 19 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд