Лига на шампиони
Чави посочи која е целта на Барселона во новата сезона во ЛШ

Утре официјално започнува новата сезона во Лигата на шампионите или поточно главната фаза и тоа со дуелите од друштвото Е, Ф, Г и Х.
Во овој дел е шпанскиот првак Барселона кој ќе тргне на домашен терен против Антверп, меч на кој каталонците се фаворити на хартија. Меѓутоа Барса не се прослави во претходните две сезони во елитното натпреварување, не успеа да ја мине групната фаза и токму поради тоа тренерот Чави Ернандес е внимателен.
Чави не сака да оди, размислува далеку и смета дека целта на неговата екипа е да заврши како прва во оваа група во која се уште Порто и Шахтјор Доњецк.
-Нашата цел е да ја поминеме групната фаза. Мораме да одиме постепено. Сакаме да се пласираме во осминафиналето како победници во групата. Во мојата прва сезона овде, не бевме доволно конкурентни. Лани бевме такви, ама ги немавме посакуваните резултати. Во текот на оваа кампања сакаме да го направиме потребниот скок. Пред една година игравме добро, но не добивме резултати. Сега добро се засиливме и имаме тим со кој ќе се натпреваруваме во Европа. Сепак, не се важни зборовите, туку делата.
-Да, Лигата на шампионите е предизвик и за мене, сепак тоа е Барса. За сите нас притисокот е извонреден, но јас сакам вакви предизвици и си ги поставувам како тренер како и за тимот. Сакам да им пренесам ентузијазам на играчите да го дадат својот максимум, -истакна Чави.
-Лани немавме многу среќа при ждрепката. Баерн (Минхен) е секогаш силен, а Интер дојде до финалето на турнирот. Јасно е дека мораме да направиме чекор напред во ова натпреварување кое не сме го освоиле од 2015 година. Сакаме да се подобриме на турнирот и да победиме. Нашата главна цел е 1/8 финале и добра игра. Ова е Лигата на шампионите, а Антвер е добар и динамичен тим со брзи крила. Имам прекрасно сеќавање на Марк ван Бомел како соиграч и противник. Беше физички силен како фудбалер. Беше добар соиграч и пријател, а сега добро си ја врши работата на чело на Антвер. Овој тим е многу динамичен и би ги истакнал неговите крила. Во нападот го имаат Винсент Јансен. Имаат и добар голман кој игра добро со нозете. Затоа се актуелни шампиони на Белгија, -додаде шпанскиот стручњак.
Овој меч се игра утре од 21 часот.
-
Балканпред 15 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 7 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 6 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 7 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Шпанијапред 2 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 19 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот