Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Победата над Лас Палмас е „приказна на нашата сезона“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона успеа да го победи Лас Палмас со минимални 1:0, но го скрши отпорот на гостите дури откако тие останаа со фудбалер помалку на теренот.

Тренерот Чави Ернандес искрено зборувал за дуелот на кој неговиот тим беше голем фаворит и смета дека вчерашните случувања најдобро ја опишуваат актуелната сезона на Барса.

– Ова беше тешка победа, успеавме да ја оствариме целта дури по нивниот црвен картон.

– Тешко ни е да постигнеме гол на вакви натпревари, секогаш имаме проблеми. Ова е приказна на нашата сезона, имаме проблеми да ги решаваме ваквите натпревари, – истакнал Чави.

Каталонците привремено стигнаа на минус пет зад Реал Мадрид, а следниот натпревар ќе го игра против ПСЖ во Лигата на шампионите и тоа на 10. април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни