Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави по новото бледо издание на Барселона: Еден од нашите најлоши натпревари, срамота е како игравме!

Објавено

на

Барселона доживеа изненадувачки пораз од Шахтјор Доњецк, но поразот не е најголем проблем за каталонците кои изгледаа катастрофално во Хамбург, без идеја, енергија, агресивност, нешто слично како на дуелот со Реал Сосиедад каде со доста среќа дојдоа до трите бода во Сан Себастијан.

Пред репрезентативната пауза Барса ќе одигра уште еден меч против Алавес, а тренерот Чави Ернандес е свесен дека мора нешто да менува, ја разбуди екипата која според него има ментална блокада во овие моменти.

-Се наоѓаме во навистина лош момент, што се однесува до играта и резултатите. Се мачиме кога ја имаме топката и кога сакаме да нападнеме. Ова беше еден од најлошите натпревари на кои можам да се сетам во последните години. Мора да признаеме дека сме лоши. Ова е срамота, но мора да продолжиме.

-Важно е да зависиме од себе, следниот натпревар е дома против Порто. Тогаш можеме математички да стигнеме до осминафиналето. Она што ме загрижува е што до неодамна игравме многу добар фудбал. Тоа значи дека се работи за психолошки проблем. Ниту физички, ниту играчки. Ние сме блокирани. Признавам дека некои работи ги правиме погрешно. Притисокот по поразот не е каков што треба да биде. Деталите се тие што го земаат данокот на ова ниво, -истакна Чави и додаде:

-Момците не треба да губат самодоверба. Мора да ја вратат. Признаваме дека сме во мал пад, мораме да се ресетираме. Позитивно е што ништо не е изгубено. Едноставно одигравме лош натпревар и го признаваме тоа. Најмногу ме загрижува самодовербата на фудбалерите, -заклучи предводникот на шпанскиот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни