Поврзете се со нас

Шпанија

Чави по елиминацијата на Барселона: Ова е почеток на нешто големо!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона во период од десет остана без два од четирите трофеи за кои беше во игра, па сега за Чави Ернандес и неговите играчи остануваат само Лигата на шампионите и Ла Лига како натпреварувања во кои се уште се живи.

По тешкиот пораз од Реал Мадрид во Суперкупот во Ријад, Барса доцна синоќа ја загуби драмата на „Сан Мамес“ во Билбао, па така испадна од Копа дел Реј во четвртфиналната фаза.

Атлетик славеше во продолженијата со двата гола на браќата Вилијамс и славеше со 4:2, па иако Барселона има за што да жали поради пропуштените шанси во регуларниот дел, Чави останува горд на своите фудбалери.

Тренерот одново им даде шанса на млади фудбалери кои во иднина треба да бидат столбот на Барса, па токму поради тоа тренерот не очајуваше и нагласи дека ова е почеток на нешто големо, без разлика на тоа дали тој ќе биде тренер на првиот тим наредната сезона.

– Се обидовме на секаков начин, дадовме се што имавме и се натпреварувавме против многу добар тим. Атлетик е многу добар на домашен терен, постојано притиска и уште кога го видов ждребот, знаев дека нема да ни биде лесно. Имавме многу добри фази во мечот, ги имавме во регуларниот дел, особено со шансата на Ламине Јамал.

– Сепак, немам никаква забелешка за него, тој одигра неверојатен натпревар. Сам си ги создава шансите и горд сум на него. Истото важи и за Ектор Форт и Кубарси, си одиме од тука со подигнати глави. Секако дека постои разочарување, но Атлетик заслужи да мине понатаму и треба да им се честита. Сега ни преостануваат најважните титули во сезоната, ќе се бориме за Лигата на шампионите и Ла Лига. Не сум тажен, горд сум после вакво издание со толку млади фудбалери.

– Имаме кратка ротација и даваме шанса на млади фудбалери. Најдобра вест е што излегуваат нови фудбалери во Барса, јас сум убеден дека ова е почеток на нешто големо, без разлика дали јас ќе останам во клубот, или не, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни