Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави Пасквал заминува од Барселона по крајот на сезоната

Објавено

на

Чави Пасквал ќе го напушти ракометниот клуб Барселона без разлика на резултатот кој шпанскиот првак ќе го постигне во Лигата на шампионите, каде е меѓу фаворитите за титулата.

Иако имаше договор до 2022 година, Чави Пасквал го прифатил предлогот на клубот, според кој ќе замине по крајот на оваа сезона, со што завршува една успешна ера на Каталонците.

Пасквал дојде на клупата на Барселона во 2009 година и оттогаш со екипата освои над 50 трофеи, од кои последниот беше шампионската титула во шпанското првенство.

Ова е целосно поинакво сценарио од она што се очекуваше бидејќи Пасквал не планираше да замине пред крајот на следната сезона, но новото раководство предводено од Жоан Лапорта имало различни ставови за важни прашања.

Едно од нив е и заминувањето на Арон Палмарсон, кој наводно го загубил трпението да му биде понуден нов договор и затоа ја прифатил понудата на Алборг.

Пасквал ја одведе Барселона до две европски титули, во 2011 и 2015 година, но имаше и разочарувачки епизоди, вклучувајќи ги двата пораза од Вардар на фајнл-фор турнирите во 2017 и 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни