Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Ова се три златни бода, дресот на Барселона тежи 20 килограми повеќе од било кој друг клуб

Објавено

на

Барселона одигра далеку под нивото на средбата против Алавес, но на крајот сепак успеа да дојде до трите бода по одличната акција во самиот финиш која во гол ја претвори Френки Де Јонг.

Со ова каталонците останаа на бод од Атлетико Мадрид со кого се соочуваат во следната рунда, но повеќе од јасно е дека екипата ќе мора да покаже многу повеќе ако сака да ја осврати целта, да дојде до Топ 4 инаредната сезона игра во Лигата на шампионите.

-Победа за да ни даде малку самодоверба, јас сум многу среќен. Беше од клучно значење да победиме, ние сме во тешка ситуација и резултатите секогаш ви даваат причина. Ова се три златни бода, -рече тренерот Чави Ернандез кој истакна дека играчите имаат проблеми со самодовербата.

-Самодовербата е на ниско ниво и треба да ги собереме играчите, тие се навистина критикувани. Околината не помага. Одличен натпревар одигра Алба, но и Бускетс, Френки сите кои беа критикувани. Не е лесно да се игра за Барса, дресот тежи 20 килограми повеќе од останатите клубови и време е да бидеме обединети. Сонцето излегло денес, макар само еден степен и јас сум навистина среќен, -истакна шпанскиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни