Поврзете се со нас

Шпанија

Чави отворено за ангажманот на Левандовски: Во тек се преговори

Објавено

на

Стратегот на Барселона, Чави Ернандез во текот на денешниот ден е доста аткуелен во Шпанија по неговото последно интервју во кое зборуваше за најразлични теми поврзани со клубот.

Јасно е дека можниот ангажман на Роберт Левандовски е најинтересен за новинарите кои постојано ќе поставуваат прашања на оваа тема.

Дека негов премин на „Камп Ноу“ и тоа како е веројатен потврди и самиот Чави кој истакна дека во тек се преговори со претставниците на играчот и дека тој е една од опциите за нападот на Барселона за следната година.

– Левандовски? Тој е една од опциите, една од можностите за нашиот тим. Во тек се преговори, има уште една година од неговиот договор, па нема да ни биде најлесно, -изјави Чави кој потоа се осврна и на финансиската ситуација во клубот.

– Лапорта ми кажа дека ќе бидеме во можност да го обновиме тимот, има самодоверба по тоа прашање, -заврши тренерот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни