Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави откри што ќе направи со Дембеле ако го види пред натпреварот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го победи ПСЖ во Париз и со позитивна од 3:2 ќе го почне утрешниот реванш на „Монжуик“, натпревар пред кој Чави Ернандес побара од фановите да се однесуваат како пресметката да се игра на „Камп Ноу“.

Ернандес е свесен дека публиката ќе биде значаен фактор за пласман во полуфиналето, особено поради тоа што очекува агресивен пристап и отворена игра од тимот на Луис Енрике.

– За нас ова е голема шанса како клуб, се наоѓаме пред полуфинале. Играме на домашен терен, имаме мала предност и „Монжуик“ треба да биде магичен како „Камп Ноу“.

– Знам што не чека, Луис Енрике никогаш не тактизира, очекувам ист натпревар како на првиот меч. Човек на човек, ќе се напаѓа со висока поставена дефанзивна линија.

– Ги познавам тимовите на Луис Енрике, тој секогаш излегува да напаѓа и да победува, а особено сега кога брка резулат. Ќе играме против едни од најдобрите тимови и најдобрите тренери во светот, – вели Чави, кој откри и како ќе се однесува со Усман Дембеле кој еуфорично го славеше голот кој го постигна против Барса.

– Секако дека ќе го поздравам, секој човек го прикажува она што го чувствува. Ќе видиме дали ќе има таква шанса и утре. Ми беше тешко кога си замина, беше во извонреден моментум. Сепак, немам никакви забелешки за него, ќе го поздравам кога ќе го видам. Чувствувам само почит кон него, – изјави тренерот на Барса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни