Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_es

Дербито на колото во шпанската Ла Лига се игра утре на „Монжуик“, стадион на кој силите ќе ги одмерат Барселона и разиграниот Атлетико Мадрид кој има исто освоени бодови како каталонците, но и натпревар помалку.

„Душекџиите“ ќе бидат уште еден сериозен испит за квалитетот на тимот кој го води Чави Ернандес, пред се поради тоа што Барселона е доста неубедлива во последно време, прикажувајќи игри кои се далеку од предвидените стандарди.

Тренерот Чави денеска потврди дека на утрешното дерби нема да може да смета на Марк Андре Тер Штеген, но во најавата не штедеше пофалби и за ривалот од спротивната страна, Чоло Симеоне.

– Од Атлетико Мадрид посебно би издвоил еден човек, тоа е нивниот тренер. Тоа го велам искрено. Како што одминува секој ден, имам се повеќе респект за Чоло Симеоне. Има значително поразличен стил од нашиот, но заслужува секаква пофалба. Ја промени историјата на Атлетико и има огромна заслуга за тоа. Сите се расположени кога играат за него и тоа е за почит.

– За утре нема да можеме да сметаме на Тер Штеген. Тој се обиде да брани, но има болки и тажен е во моментов. За утре нема никакви шанси и нема да биде дел од тимот, – потврди Чави.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни