Поврзете се со нас

Шпанија

Чави очекува амбициозна Барселона во новата сезона: Ќе се бориме за сите титули

Објавено

на

Барселона со ремито против Хетафе дефинитивно го обезбеди второто место во Примера во оваа сезона што дефинитивно ќе донесе уште неколку милиони на сметката на клубот, но и учество во Супер Купот на Шпанија.

До крајот каталонците имаат уште еден предизвик дуелот ос Вилјареал, но клубот веќе се подготвува и работи за наредната сезона. Финансиите се главен проблем на Барселона, меѓутоа тренерот Чави Ернандес е оптимист и верува дека управата ќе направи се што може и што е потребно за да тимот биде конкурентен и во позиција да се бори за сите трофеи во кампањата 2022/2023.

-Оваа недела ќе почнеме да планираме. Немаме многу време. Се бориме против времето при донесувањето одлуки. Знам што ни треба за да се натпреваруваме. Клубот знае, [спортскиот директор] Матеу Алемани знае и [спортскиот советник] Жорди Кројф знае што јас мислам.

-Што ќе можеме да направиме зависи од нашата финансиска состојба. Ако е добро, оптимист сум дека ќе се натпреваруваме затоа што следната сезона треба да се бориме за трофеи, -порача Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни