Поврзете се со нас

Шпанија

Чави објективен по среќните три бода: Не очекував победа, ова беше неприфатливо!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

БАрселона победи на натпревар на кој во ниту еден момент не заслужи да освои три бода, но фудбалот е сурова и непредвидлива игра, во која доста често знаат да триумфираат оние кои се поефикасни.

Реал Сосиедад одигра речиси перфектен натпревар и на моменти и одржа лекција на Барселона, но тоа не го материјализираше со постигнати голови во мрежата на Марк Андре Тер Штеген, што на крајот на баскијците им се удри од глава.

Барса постигна гол во самата завршница од судиското продолжение и погодокот на Араухо беше жестока казна за сите неискористени шанси на домаќините, по што и самиот Чави призна дека неговиот тим имал огромна среќа во Сан Себастијан.

– Ова се златни три бода за нас, неверојатна победа со оглед на тоа што го прикажавме. Не бевме добри, страдавме на теренот и тие беа поагресивни и подобри од нас. Реал Сосиедад заслужи подобра среќа од завршниот пораз, но таков е фудбалот. Денеска ни се насмевна среќата која ја немавме на „Ел Класико“.

– Пред една недела заслуживме да победиме, а не го направивме тоа, но сега победивме на вака лош натпревар. Се надевам дека овој триумф ќе ни даде самодоверба за во иднина, но мора да бидеме самокритични после вакво издание. Првите 25 минути кои ги одигравме беа неприфатливи, не очекував победа после она што го видов на теренот, – искрено изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни