Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави незадоволен од резултатот во Неапол: Добивме резиме за цела сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона беше подобар тим од Наполи добри 75 минути и целосно го неутрализираше се уште актуелниот италијански првак, но единствениот момент на невнимание беше платен со примен гол.

Каталонците поведоа со голот на Левандовски и се чинеше дека ќе можат во посакуван ритам да го приведат мечот до самиот крај, меѓутоа Наполи постигна погодок со првиот удар во рамките на голот и така остана непоразен пред ревашот на „Монжуик“.

Тренерот Чави Ернандес може да биде задоволен од изданието кое го имаат неговите играчи во најголем дел од мечот, но не и од резултатот кој не му дава никаква предност пред вториот меч.

– Заслуживме повеќе, дадовме гол за 0:1 и нашиот стил на игра дојде до израз. Сепак, не знаевме да го умртвиме и да го смириме натпреварот откако поведовме. Требаше да го забавиме противникот, но тие дадоа гол со првиот удар кон нашата мрежа. Кога дадовме гол, недостасуваше солвентност кај моите фудбалери, не требаше да дозволиме да примиме гол.

– Загубивме контрола после голот кој го дадовме и резултатот не ме прави задоволен. Моравме подобро да исконтролираме и да не страдаме. Не бевме доволно ефикасни и ни се повтори тоа што ни се случува постојано. Добивме резиме за цела сезона. За мене резултатот не е добар, но ако играме вака, ќе добиваме повеќе натпревари. Се надеваме дека со помош од нашите навивачи ќе се пласираме во четвртфиналето, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни