Поврзете се со нас

Шпанија

Чави нема дилеми: Тој е играч кој може да одбележи ера во фудбалот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Чави Ернандес долго време беше играч од светска класа, ас кој освои се што можеше да се освои на клупски и репрезентативен план.

Тој сега се гради, развива како менаџер и севкупно гледано има успеси во досегашната работа и на ова поле, па дефинитивно со своето животно, фудбалско искуство може предвиди, зборува за некои работи. Имено шпанската легенда верува дека тинејџерот Ламин Јамал со кого соработува во Барселона може да одбележи една ера во фудбалот.

-Го гледам многу смирен. Тој е многу одмерен во смисла дека одлично го вари сето она што му се случува и покрај неговата млада возраст. Зрела личност, одговорен, свесен е за ситуацијата што ја доживува. Тој е многу скромен и ни покажува дека е играч кој може да направи разлика, играч кој може да одбележи ера во фудбалот, особено во Барселона. Се надеваме дека секогаш ќе можеме да уживаме во него на ова ниво. Тој е тинејџер кој расте. На ментален план, е весело, шеговито момче. Ужива, тој е среќен, -порача Чави.

Инаку Јамал кој има само 16 години во актуелнава сезона има учинок од 6 гола и 7 асистенции во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни